За Енис Барди, еден од нашите најдобри фудбалери и член на Леванте, силно заинтересиран бил Реал Сосиедад, така денеска пишиуваат и известуваат медиумите во Шпанија. Но тој трансфер би се реалзирал дури во јуни, кога на Барди и официјално му искекува договорот со Леванте и како слободен играч нема да има никакви проблеми да замине во клубот од Сан Себастијан.
Се разбира дека Сосиедад е добра опција за Барди, посебно ако се знае дека тој веќе го надрасна Леванте. Тим кој што оваа сезона во Ла Лига игра очајно и тешко дека ќе извбори опстанок.