Љубомир Врањеш целосно разочара Словенија како селектор на оваа репрезентација. Иако токму оваа селекција беше еден од главните фаворити за високи дострели, сепак беше елиминирана само по групната фаза.
Со бројни квалитетни имиња во составот Врањеш не успеа да обезбеди пласман во главната рунда, што пак беше доволно причина за да раководството на ракометната федерација на Словенија да му се заблагодари.
Само неколку часа по отказот, Врањеш беше промовиран од Рајн Некар за нов тренер на бундес-лигашот. Се чини дека неговиот неуспешен настап на актуелното ЕУРО не беше разочарувачки, па одлучија да му ја доверат клупата.
Врањеш веќе има искуство во Бундес-лигата, го водеше Фленсбург од 2010 до 2017 година, во 2014 ја освои и Лигата на шампиони.