Во таборот на германската ракометна репрезентација владее вистински хаос. Оваа селекција е погодена со позитивни играчи на Ковид-19. Пред продолжението на главната рунда, само 13 играчи засега имаат право да играат, додека дури 12 имаат коронавирус.
Како што известуваат тамошните медиуми, целата делегација е во изолација, се чекаат резултатите од новите тестирања. Засега не се споменува повлекување од Европското првенство. Најавен е состанок на тамошната федерација и Бундес-лигата, се бара решение за овој проблем, кој ни малку не е наивен, никој не може да тврди дека нема да се појават нови случаи на Ковид-19.
Прв противник на Германија во главната фаза е Шпанија, дуелот се игра утре со почеток во 18 часот.
ФОТО: Sascha Klahn / Axel Heimken – Kolektiff Images