Ако од нешто треба да сме задоволни и од ова европско првенство во ракомет, тоа веројатно се навивачите. Македонската „Фаланга“ на сите три меча во Дебрецен беше голем поддржувач на избраниците на Кире Лазаров, а со своето френетично навивање и посветеност кон својата земја и ракометари, не останаа незабележани и во очите на пошироката европска јавност.
Данскиот ракометар Расмус Бојсен кој е исклучително активен на социјалните мрежи и редовен аналитичар на случувањата во ракометот, денеска ги стави македонските навивачи на првото место на својата листа на најдобри навивачи во светот. Секоја чест!