Дастин Вер замина од МЗТ, „намерна“ грешка за удар на тимот!

888

Во МЗТ Скопје Аеродром во текот е подготовка на Собрание на клубот на кое треба да се назначи нова управа, а Филип Ѓоревски да го превземе директорувањето со „штрковите“, функција која се уште ја врши Тони Грнчаров. И додека трае ваквиот „вакум“ во таборот на сините од Аеродром се прават „намерни“ грешки со кое се прави сериозен удар во тимот, квалитетот на екипата…

Најновата вест е од пред неколку часа која гласи дека американецот Дастин Вер повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром. Тој го раскинал договорот поради неисплатени плати.

Пред неколку недели имало проблем со финансиите, дел од играчите земале плата (домашните), а по неколку дена и останатите играчи (странците). Но тоа донење (се претпоставува дека е намерно), го искористил Дастин Вар кој подоцна не прифатил спогодба и го искористил киксот на актуелната управа на чело со Тони Грнчаров со што добил услови за раскин на договорот и заминување од МЗТ Скопје.

Дастин Вер е еден од подобрите играчи во екипата на МЗТ Аеродром кој оваа сезона има просек од 16,7 поени и 6.9 аситенции на натпреварите од АБА 2 лигата и беше еден од главните во битката за врвот на нашиот првак во ова натпреварување.

Што побрзо МЗТ го одржи Собранието на клубот тоа и подобро за екипата за да не се случуваат вакви „намерни“ грешки кои се на штета на клубот. Во целата оваа збрка добра вест е тоа што се одложени настапите во АБА 2 лигата. Сепак битката во домашниот шампионат продолжува во викендот кој следи кога МЗТ гостува кај Кожув. Тимот од Аеродром се очекува да најде замена за Вар и да остане во битка за титулата и ловот на лидерското место на кое е Пелистер со три бода предност пред „сините“.

Според она што го дознава СПОРТМЕДИА, новата Општинска администрација на Аеродром има дадено насоки на новата управа да изврши целосна ревизија поврзана со сомнежите за злоупотреба на јавни средства од страна на досегашната администрација.
ПретходноАТП со писмо до Ролан Гарос: Невакцинирани тенисери не смеат да играат на Грен Слем турнирите
СледноАзар веќе не е интересен, никој не испратил понуда за него