Египет и Нигерија со билети за осминафинале на Африканскиот куп

75

Се комплетира и третото коло во групата Д, па патници во наредната фаза на Африканскиот куп се Нигерија и Египет.

И двете репрезентации ги оправдаа фаворитските улоги вечерва и славеа на дуелите. Нигерија со 2:0 ја совлада Гвинеја Бисао, додека Египет со 1:0 славеше над Судан.

Па така Нигерија со максимален ефект патува понатаму, а Египет како второпласиран со шест бодови. Гвинеја Бисао заврши трета со еден бод, но нема шанси да биде меѓу четирите најдобро третопласирани кои ќе одат во осминафиналето. Тие заедно со Судан завршија со по еден бод и се збогуваа од турнирот.

Египет победи со гол на играчот на Ал Ахли Мохамед Абделмонем во 35. минута.

Умар Садик во 56. минута погоди за Нигерија против Гвинеја Бисао, а во 77. минута судијата по консултација со ВАР го призна погодокот на Трост-Еконг.

Досега пласман во осминафиналето изборија уште Камерун, Буркина Фасо, Сенегал, Гвинеја, Мароко и Габон.

Утре ќе биде комплетирано третото коло во групите Е и Ф по што ќе бидат формирани осминафиналните парови.

ПретходноЕкс-македонски репрезентативец потпиша за Умана Рејер
СледноЏенова има нов тренер – го најде во белгиски Остенде