Засилување за “гипсарите“: Шкупи го прати Бери на позајмица во Ренова!

487

Ново име во редовите на Ренова. Станува збор за Бери Мохамаду Суахиб од Сенегал, инаку играч на Шкупи кој својот десен бек го прати на позајмица кај “гипсарите“. Бери во Скопје дојде заедно со Алжирецот Хамиди минатото лето. Беше прв пик на десната бековска позиција кај Гоце Седлоски на почетокот од сезоната, имаше настап и во квалификациите за Лиганата на Конференции, но сепак неговото место потоа го зазеде Владица Брдаровски.

Кога сме как Ренова да кажеме дека утре експедицијата на овој клуб се сели во Охрид, каде до 02.02 ќе ја одработи главната фаза од тековните подготовки. Планирани се најмалку четири пријателски меча, од кои два веќе се договорени, со Струга ТЛ (21.01) и Воска Спорт (29.01).

ПретходноХоландската гол-машина испиша нова историја на ЕУРО
СледноОфицијално: „Лавовите“ го претставија Италијанецот Купер!