Интер беше пред елиминација од Емполи, но чудесно се врати (видео)

361

Екипата на Интер се наоѓаше пред елиминација од Купот на Италија, но на чудесен начин се врати и победи. „Нероаѕурите“ се протнаа во четвртфиналето по триумфот над Емполи вечерва на „Меаца“ со 3:2 и тоа по продолженија.

Уште на стартот проблеми за Интер, се повреди Жоакин Кореа кој со солзи во очите го напушти теренот. Сепак, неговата замена Санчез ги доведе „нероаѕурите“ во предност во 13. минута.

Но во второто полувреме Емполи го шокираше домашниот тим. во 61. минута Бајрами изедначи, а во 76. минута Кутроне шутна со глава топката удри во пречката, па во голманот на Интер и заврши во мрежата.

„Нероаѕурите“ беа пред елиминација, но во 91 минута се извлекоа. Стрелец на изедначувачкиот гол беше Андреа Ранокија со што се прејде во продолженија.

Таму во 104. минута стрелаше Стефано Сенси на асистенција на Санчез, а тој гол беше доволен за победа на Интер од 3:2.

Пред овој меч играа Сасуоло и Каљари. Сасуоло се пласира во наредната фаза по триумфот со 1:0.

Во следната фаза Сасуоло ќе игра со Јувентус, додека Интер ќе го чека подобриот од мечот Рома-Лече.

FOTO> Twitter/Inter

ПретходноМладите сили му донесоа победа на Јунајтед, Роналдо бесен го напушти теренот (видео)
СледноГерманија донесе одлука – не се откажува од ЕП 2022 и покрај хаосот