Фудбалерите на Атлетико Мадрид имаа непријатен дочек на стадионот на Сосиедад – Аноета затоа што домашните навивачи фрлаа камења, шишиња и други предмети по автобусот во кои се наоѓаа играчите и стручниот штаб.
Атлетико допатува во Сан Себастијан да го игра мечот од Купот на Шпанија од осминафиналето, но мечот имаше непријатна вовед. Според информациите автобусот поминал со скршени прозорци, но засега нема информации дали некој од патниците е повреден.
Еден навивач на Атлетико бил донесен во болница со дупната глава затоа што бил погоден со шише во главата.
APEDREADO EL BUS DEL ATLÉTICO DE MADRID A SU LLEGADA A ANOETA https://t.co/CjvhUVPqVt #CopaDelRey
— BETISWEB.com (@betisweb) January 19, 2022
🚨 Lío a la llegada del @Atleti a Anoeta
🏆 #CopaDelReyhttps://t.co/EAnMCxKS5u
— Diario AS (@diarioas) January 19, 2022