Англиската фудбалска асоцијација (ФА) започна истрага за добиен жолт картон на играч на Арсенал на натпревар од Премиер лигата оваа сезона. Причина за истрагата, според извештаите, е сомнителна сума уплатена во спортските обложувалници, токму на добиен жолт картон на засега непосочениот фудбалер.
Англиските букмејкери пријавиле „сомнителни обложувачки обрасци“ поврзани со жолтиот картон кој го добил еден од играчите на „топчиите“. Обложувалниците означиле „невообичаена сума на пари уплатена на играч на Арсенал да добие жолт картон“, објави „Атлетик“.
Од ФА велат дека случајот се разгледува.