Лудница во Лестер – Тотенхем губеше 2:1 до 90+4 минута, а потоа победи! (видео)

377

Уште еден неверојатен меч во Премиер лигата. Вечерва паднаа пет гола на „Кинг пауер“ стадионот во Лестер, а истоимениот домашен тим загуби од Тотенхем на неверојатен начин.

Лестер два пати водеше. Прво погоди Патсон Дака во 24. минута, но изедначи Хари Кејн во 38. минута.

Во 76 минута Медисон го донесе Лестер во ново водство кое го држеа до 94 минута, а потоа им се случи колапс.

Тотенхем волшебно се врати. Стивен Бергвајн погоди во 90+5 и во 90+7 минута и донесе победа на „Спарс“ од 3:2.

ГОЛОВИТЕ ЗА ПРЕСВРТ НА БЕРГВАЈН ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

 

ПретходноАзар веќе не е интересен, никој не испратил понуда за него
СледноСосиедад го преслуша Атлетико и се пласира во 1/4 финалето на Купот (видео)