Нено го победи Ковид-19, се врати со „десетка“!

99

Добри вести од Шпанија. Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ го победи Ковид-19 по вторпат и се врати во составот на Валенсија.

Нено вечерва играше против Промитаес во меч од Еврокупот. Валенсија на гостински терен славеше со 68-71 за седни триумф во ова натпрерување или трет во низа. Со скор од уште три порази се наоѓа на второто место во групата Б.

Димитријевиќ беше втор стрелец во редовите на шпанскиот состав, постигна 10 поени, зад своето име запиша пет асистенции и еден скок. Лидер беше Тоби со 22 поени.

ПретходноГерманија пред „колапс“ на ЕУРО, вкупно 12 играчи позитивни на коронавирус
СледноИнцидент на Аноета – каменуван автобусот со играчите на Атлетико (видео)