Како што најави „Спортмедиа“, Висар Муслиу, еден од нашите најдобри фудбалери, репрезентативен стопер, од денеска и официјално е нов член на Игнголштад, клуб од Втората лига во Германија.
„Среќен сум што потшишав за Инголштад. Посебно нешто е кога играш фудбал во Германија. Првите впечатоци од клубот се позитивни, јас сум среќен што дојдов во овој клуб. Ќе дадам се од себе да одиграм според очеквањата и посакувањата и да му помогнам на клубот да ги оствари своите амбиции“ изјави нашиот Висар Муслиу, кој претходно играше за МОЛ Фехервар, Шкендија, Вардар, Ренова…играше како млад и во Швајцарија.
Од Инголштад не го криеја своето задоволство од фактот дека донесе квалитетен дефанзивец…
„Среќни сме што ете успеавме да го доведеме Висар, репрезентативецот на Македонија. Тој е одличен дефанзивец со голело искуство, со него ќе ја зајакнеме нашата одбрана. Висар со својата игра е бескомпромесен, има посебен менталитет“ изјавија од Инголштад.