Европското ракометно првенство ја заврши групмата фаза. Следуваат елиминациите, а дел од репрезентациите кои не се најдоа таму веќе одлучија да направат промени. Па така, по селекторот на Литванија, Миндаугас Андрушка кој вече доби отказ, уште двајца селектори за бгру ќе мора да си бараат ново работно место.
Љубомир Врањеш, селекторот на Словенија иако има договор до 2024 година сепак, е пред заминување од оваа функција. Словенија доживеа дебакл на овој турнир и мора да се менува нешто во нивниот табор.
Истата судбина го чека и селекторот на Украина, Михаел Биглер, кој со оваа репрезентација на турнирот доживеа три порази, против Србија, Хрватска и Франција, па логично е да добие отказ од тамошната федерација.
Словенија заврши на 16 позиција, додека Украина беше убедливо на последното место на ЕП.