Екипата на Реал Сосиедад на домашен терен го победи Атлетико Мадрид со 2:0 и обезбеди место во четвртфиналето на Купот на кралот. Вечерва на „Аноета“ тимот на Алгуасил беше подобар и поконкретен во шансите и заслужено победи (6-1 во прецизни удари на гол).
Сосиедад поведе во 33. минута со голот на Аднан Јанузај, а само што почна второто полувреме Александар Сорлот зголеми на 2:0 што на крајот остана на семафорот.
За Атлетико ова е уште еден удар за неколку денови, затоа што претходно не успеа во Суперкупот на Шпанија.