Тухел: Преморени сме, и не можевме да го контролираме Брајтон (ВИДЕО)

211

Тимот на Челзи синоќа не успеа на гостински терен против тимот на Брајтон да освои цел плен, туку мораше да се засоволи до ремито 1:1. За Челзи ова е четврти меч во серија без победа и тоа веќе станува проблем за „Сините“ од Лондон и за менаџерот Томас Тухел.

„Изгледаме заморено на терен. Знаевме дека Брајтон е одлично подготвен, противникот имаше повеќе време и помалку мечеви зад него. Пробавме се, но едноставно немавме доволно сила. Не невме во состојба да го контролираме Брајтон, но тоа им се случи и на многу други екипи“ – изјави Тухел по мечот. 

ПретходноМинесота знае како во Њујорк, Голден Стејт на рутина (ВИДЕО)
СледноАстон Вила доведе голман на Рома