Холандија е сензацијата на ова Европското првенство, кое со возбудувањата продолжува утре. Оваа репрезентација за првпат во својата историја ќе игра главна рунда, а во центарот на вниманието се најде 24-годишниот десен бек, Кеј Смит.
Откако го измани достигнувањето на Кирил Лазаров и постигна 13 гола на еден меч на ЕУРО, тој сега постана првиот ракометар, кој на првите три натпревари има 32 погодоци.
Ова остварување го однесе на првото место на оваа листа, на која се наоѓа и најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров. Тој во 2014 година по три одиграни средби постигна 27 погодоци.
Погледнете ја листата…
🇳🇱 Kay Smits sets new records at @EHFEURO:
First player to score 32 goals in first 3 games in tournament history. He has now scored 54 goals in 6 games overall.#handball #ehfeuro2022 @Handbal_NL pic.twitter.com/9vLDJlCQ5p
— Fabian Koch (@Fabian_Handball) January 18, 2022