Шкендија покажа сила во Анталија: Шампионот го “збриша“ Пјаст Гливице!

1371

Одлична игра, одлично издание и убедлив триумф на Шкендија на својот втор контролен меч во Анталија. Попладнево нашиот шампион со 4:1 просто го “збриша“ силниот прволигаш од Полска, тимот на Пјаст Гливице и тоа со 4:1.

Блескаше младиот Дашмир Елези кој постигна два гола, од кој еден од пенал.

Тетовци со голот на Бејтулаи поведоа со 1:0 и тоа во 17.минута. Во 55.минута со голот на Мерџани момците на стратегот Бруно Акраповиќ поведоа со 2:0. Пјаст Гливице со голот на Рајнер намалија на 2:1 во таа 74.минута, за да Елези со двата гола во 79. и 84. минута ги постави конечните 4:1.

Да кажеме дека во вториот дел за Пјаст Гливице на терен беше и Тихомир Костадинов, нашиот репрезентативец кој недоамна потпиша за тимот од Полска, но и тој не можеше да го спречи убедливиот пораз на својот тим.

Да потсетиме дека на првиот меч во Анталија пред два дена, Шкендија одигра 2:0 против Шиофок од Унгарија.

ПретходноОфицијално: „Лавовите“ го претставија Италијанецот Купер!
СледноВардар и Е. Пелистер ги дознаа ривалите во СЕХА!