Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов денеска го продолжи договорот со сплитски Хајдук на уште една година, односно до летото 2023 година. 22-годишниот играч од средниот ред пристигна на „Пољуд“ во септември 2020 година и оттогаш одигра 47 официјални натпревари, постигнувајќи четири гола и асистенции.
„Многу сум среќен што го продолжив договорот со Хајдук и што ќе бидам дел од овој проект во наредниот период. Од првиот ден во Сплит се чувствувам прекрасно и голема чест е да го носам дресот на овој голем клуб со најдобрите навивачи во светот. Чувствувам голема одговорност и предизвик да ја вратам таа доверба во добрите игри и успеси на тимот и верувам дека оваа сезона заедно ќе се радуваме на успеси“, изјави Јани по продолжувањето на договорот.