Џенова потврди дека ја активирала откупната клаузула на Александар Блесин со белгиски Остенде со што доаѓа да го води клубот кој се обори за опстанок во Серија А. По отказот на Шевченко, Џенова се фрли во потрага по нов тренер во игра беше Давиде Балардини но сепак клубот се одлучи за друга варијанта, го повика Бруно Лабадија, но овој во последен момент ги одби.
Па така дојде до друг избор, а тоа е Блесин кој е Германец и има 48 години.
Тој го води Остенде од летото 2020 година, а претходно работел во младинските категории на РБ Лајпциг.
Блесин има екстремно тешка задача, да го обезбеди опстанокот во најсилната италијанска лига.