АО: Тан поради силни болки во инвалидска количка го напушти теренот

169

Вториот дуел кај дамите меѓу Хармони Тан и Елина Свитолина беше прекинат во третиот сет, при водство на Свитолина од 1:5. Тан имаше проблем со ногата, но не се предаде.

Во третиот сет болката стануваше посилна, Свитолина го искористи тоа и поведе со 1:5, иако во тој момент не беше среќна што мораше на таков начин да ја совлада противничката.

Сепак, тенисерката Франција сакаше да го заврши мечот и покрај силните болки, но не успеа, се откажа пред крајот бидејќи едноставно повеќе не можеше да стои на нозе.

По брзата медицинска интервенција, Тан го напушти теренот во инвалидска количка со крајно болна гримаса на лицето.

По деталните прегледи ќе се утврди степенот на повредата.

Тан е 107-та тенисерка во светот и до повредата и пружи одличен отпор на 17-та светска тенисерка Елина Свитолина, а доказ за тоа е резултатот во сетови 1:1 (3:6, 7:5) пред фаталниот трет сет за Французинката.

ПретходноТроен трејд во НБА лигата
СледноАлберто од Интернасионал ќе го засили Зенит