И дефинитивно е јасно дека Кристијано Роналдо воопшто не е задоволен од тоа како се одвиваат настаните во Манчестер Јунајтед. Тој неодамна изјави дека има намера да игра фудбал барем уште 4-5 години, но не и во клубови кои нема да играат во Лигата на Шампионите. Па така Португалецот им поставил ултиматум на луѓето во Јунајтед дека тој ќе се оди во јуни ако клубот не успее да се пласира во Лигата на Шампионите за следната сезона.
Се разбира дека овој ултиматум создаде паника во клубот од “Олд Трафорд“, но како што стојат сега работите тешко дека Јунајтед ќе избори “виза“ за ЛШ. По сето ова јасно е дека во ПСЖ со интерес го чекаатв расплетот. “Светците“ имаат намера да го состават тандемот Меси – Роналдо. Во секој случај во летниот преоден рок не очекува спектакл. Роналдо, Мбапе, Халанд…