Убава, работна атмосфера во таборот на Шкупи во Анталија, во редовите на есенскиот првак во ПМФЛ. И покрај убедливиот пораз од Лех Познањ на првата контрола во Анталија, тренинзите се одвиваат во одлична атмосфера. Со нетрпение се очекуваа следните контроли за да Шкупи покаже навистина што знае и што може.
Интересно беше на денешниот тренинг, во еден момент стратегот Гоце Седлоски, инаку наш некогашен легендарен фудбалер и репрезентативец со 100 настапи за Македонија, и тоа како им покажа на своите момци како треба да се шутира.
Тоа е… кој си знае си знае…што се вели.