Серија А има нов Ковид-протокол: Одложување на меч само со 9 или повеќе заразени играчи

78

Натпреварите од Серија А во иднина ќе бидат одложени доколку во еден тим има девет или повеќе играчи позитивни на Ковид-19. Одлуката ја донесе италијанската влада на заеднички состанок со претставници на спортските и здравствените власти.

Фудбалерите кои се позитивни на коронавирусот треба да останат во карантин, а луѓето кои биле во контакт со нив не мора да бидат изолирани, туку треба да носат FFP2 маски и да се тестираат секојдневно во следните пет дена. Може да играат доколку имаат негативен тест, четири часа пред почетокот на натпреварот.

На локалните здравствени служби ќе им биде дозволено да го стават во карантин тимот доколку имаат најмалку 35 проценти позитивни играчи. Вакцините против Ковид-19 во овој случај не се задолжителни.

Во Италија се надеваат дека новиот протокол ќе помогне да не се повторат фарсите во кои клубовите бараат да ги одложуваат натпреварите, а Серија А не го прифаќа тоа, па потоа локалните здравствени служби, сепак им помагаат на своите миленици и го одложуваат натпреварот.

ПретходноПостолов е новиот координатор на младинската школа на Академија Пандев
СледноВрањеш ја разочара Словенија, но не и Рајн Некар