Луис Суарез се наоѓа на излезните врати на Атлетико Мадрид. Искусниот напаѓач оваа сезона не игра во најдобра форма, а се повеќе време минува на клупата на резерви.
Луис Суарез се наоѓа на излезните врати на Атлетико Мадрид. Искусниот напаѓач оваа сезона не игра во најдобра форма, а се повеќе време минува на клупата на резерви.
А колку сака да игра се виде пред некое време кога тренерот, Диего Симеоне го извади од игра, а тој збесна. Суарез има договор со Атлетико до крајот на оваа сезона, а шпанските медиуми не ја исклучија можноста да го напушти тимот уште овој месец.
Атлетико доби неколку понуди за него од Бразил, една од Саудиска Арабија. Но, тој сака да игра во Европа и верува дека тоа може да го направи на врвно ниво. Најновите информации поврзани со него е дека може да се врати во Англија во дресот на Астон Вила, тим предводен од неговиот некогашен соиграч Стивен Џерард.
Премиер-лигашот го донесе Кутињо, а доколку успее да се засили со Суарез, ќе заврши одлична работа. Од таборот на Астон Вила веќе го контактирале напаѓачаот, му дале на знаење дека ќе биде прва опција на неговата позиција.
Суарез во досегашниот дел од сезоната одигра 27 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет гола и запиша две асистенции.