Легендите се тука: В. Мицевски, Стојковски, Т. Мицевски…исплатени долговите на Пелистер!

1243

 

Како што и најави „Спортмедиа“, од денеска и официјално Ванчо Мицевски е нов спортски директор на Пелистер. Големо име на клубот, легенда, која секако дека ќе знае, но и ќе мора да донесе “нови ветришта“ во ФК Пелистер, во гордоста на Битола.

Денеска во друштво на Тони Коњановски, новиот градоначалник на Битола, на стадионот “Петар Милошевски“ беа и останатите легенди на ФК Пелистер кои ќе бидат вклучени во работата на клубот. Тоа се Митко Стојковски, Тони Мицевски, Сашо Здравевски, Спасе Ристевски и Златко Цветановски.

Покрај другото беше истакнато дека Општината, која пак си го врати клубот, направила напор и ги ипсплатила сите долгови на ФК Пелистер заклучно со 01.01.2022 година.

ФОТО: Bitola.gov.mk

ПретходноСтадион во Аеродром за националниот тим за 10-12 илјади гледачи!
СледноСилекс убедлив со Саса на првата контрола!