Сава Радиќ нов член на Струга Трим Лум

1071

Досегашниот играч за  врска на тимот на Академија Пандев, Сава Радиќ е нов член на тимот на Струга Трим Лум. Играчот за врска е дел од тренинзите на овој клуб, и во следните ден два, ќе има и официјална промоција.

Србинот имаше и повеќе од солидна минутажа во таборот на Академија Пандев во есенскиот дел од шамионатот но Струмичани одлучија зимава да ја прекинат соработката со него. Радиќ сепак останува во Македонскиот шампионат, и на пролет ќе го гледаме ов дресот на Трим Лум.

ПретходноВујовиќ: Не знам зошто Македонците се толку разочарани, не се реални!
СледноОмар Имери до лето во Шкупи