Она што беше најавено, тоа и се оствари. Силекс ги претстави своите нови имиња и тоа Дејан Цветаноски, Роберт Коцев и Андреј Петкоски.
“Сметам дека завршивме одлична работа, успеавме да донесеме квалитетни имиња. Сега и дефинитивно можам да кажам дека имаме прволигашки тим. Затоа ќе јуришаме на враќање во ПМФЛ и на Купот на Македонија во пролетниот дел. Имаме по двајца квалитетни играчи на секое место во тимот“ истакна за „Спортмедиа“ спортскиот директор на Силекс, Стевица Ристиќ.