Супер – дербито во ЛШ меѓу ПСЖ и Реал нема да се игра во Франција!?

621

Постои голема опасност супер – мечот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите меѓу ПСЖ и Реал Марид воопшто и да не се одигра, или пак да се игра надвор од Франција.

Имено новиот закон во Франција може да доведе до хаос во Европските купови! Следниот понеделник во оваа земја ќе стапи во сила новиoт закон во кој се вели дека невакцинирани играчи не можат да играат на било кој натпревар во било кое натпреварување. Ограничувањето важи и за гледачите.

Значи ако се игра во Париз мечот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, тогаш тренерите на двете екипи Покетино и Анчелоти нема да можат да сметаат на своите невакцинирани играчи. Ова важи и за мечот меѓу Лил и Челзи, како и натпреварите во ЛЕ и КЕ.

Со ова е запозната и УЕФА, а таа им предложила на екипите од Франција за секој случај да предложат резервен стадион надвор од земјата.

ПретходноСлавниот Дејан Рамбо Петковиќ – амбасадор на ФК Работнички и НФТ К-клуб
СледноСилекс ги промовираше Цветаноски, Коцев и и Петкоски!(ФОТО)