Со натпреварите од третото коло во групата „Ф“ вечерва заврши групната фаза на Африканскиот куп на нации. Нова сензација приреди селекцијата на гамбија, која успеа да го победи Тунис со 1:0 со гол во 93. Минута и да го елиминира еден од главните фаворити за медал.
Мали ја совлада Мавританија со 2-0 и го освои првото место во групата со седум бода, колку што има и Гамбија.
По овие два меча веќе се познати и двојките за осминафиналето:
Буркина Фасо – Габон
Нигерија – Тунис
Сенегал – Зеленортски острови
Мали – Екваторијална Гвинеја
Гвинеја – Гамбија
Камерун – Комори
Брегот на Слоновата Коска – Египет
Мароко – Малави