Германија донесе одлука – не се откажува од ЕП 2022 и покрај хаосот

399
📸 Sascha Klahn / Axel Heimken - Kolektiff Images
📸 Sascha Klahn / Axel Heimken - Kolektiff Images

Германската федерација доцна синоќа објави соопштение на својата официјална страница. По состанокот со Бундес-лигата донесена е одлука оваа селекција да продолжи со настапите на Европското првенство иако во овој момент има дури 12 позитивни играчи на Ковид-19.

Бундес-лигата ќе му помага на националниот тим со играчи, а додека пак федерацијата ќе ги зголеми мерките во време на пандемија коронавирус, дури и состаноците на тимот ќе бидат дигитализирани.

Дополнителен повик добија Тобијас Рајхман, Лукас Штуцке и Давид Шмид.

„Разговаравме во тимот за тоа како можеме да го продолжиме турнирот и да го доведеме до крај. Тоа е нашата јасна цел, се друго не ни беше тема. Дури и да сме сите на дистанца – ретко сум доживеал таква сплотеност како во изминатите денови. Секој се распрашува за другиот. Се прават сите напори од сите во целата делегација да си помогнеме во оваа ситуација. Колку и да звучи чудно: имам голема надеж дека можеме да имаме корист од оваа кохезија како тим во годините што доаѓаат“, изјави капитенот Јоханес Гола.

Германија денеска игра против Шпанија на стартот на главната фаза, дуелот е закажан во 18 часот.

ФОТО: Sascha Klahn / Axel Heimken – Kolektiff Images

ПретходноИнтер беше пред елиминација од Емполи, но чудесно се врати (видео)
СледноПрoблем со ПЦР тестовите во Унгарија: Здравствените работници среде меч можат да отстранат играч!