Германија издржа едно полувреме со Шпанија, Франција ги свена „лалињата“ (ВИДЕО)

405

Двата фаворити за освојување на медал на ова Европско првенство, Шпанија и Франција со победа ја отворија главната фаза и продолжија во триумфален ритам, запишаа два важни бодови во битката за место во полуфиналето.

Бранителот на тронот со Германија мака мачеше до 24. минута. „Панцирите“ на оваа средба влегоа со голем број на проблеми, имаа само 13. ракометари негативни на Ковид-19, па нови тројца дојдоа во Будимпешта.

По 12-12, „фуријата“ влезе во ритам, со серија од 7-0 поведе со 12-19 и тоа благодарение на одличниот Перез де Варгас, кој царуваше на мрежата на Шпанија. На другата страна токму по 12-12, Германците заборавија да погодуваат, без гол беа цели 15. минути.

Ова беше и клучен момент на оваа средба, шпанските ракометари поведоа и со 14-22 во 47. минута. Предноста од осум гола беше доволно за да актуелниот првак сигурно чекори кон триумфот. На крајот славеше со 23-29.

Де Варгас со 15 одбрани беше најдобар кај Шпанија, Македа запиша шест гола, додека Соле и Касадо имаа по пет гола. Гола имаше четири погодоци.

Франција не дозволи изненадување, Холандија немаше сили, ниту оружје, па беше убедливо совладана со 34-24, во вториот меч од главната фаза во Братислава. Франција по првото полувреме имаше позитива од 15-12. Темпото на холандските репрезентативци падна токму пред крајот на првото полувреме, при 12-12, Франција со серија од 7-0 дојде до позитива од 19-12. До крајот немаше промени.

Јанис Лене со осум гола од десет обиди беше прв стрелец кај Франција, зад него беше Турна со пет погодоци. Кај Холандија, Смитс беше запрен, постигна четири гола од девет обиди.

ПретходноСилекс ги промовираше Цветаноски, Коцев и и Петкоски!(ФОТО)
СледноМешковска со порака по затвoрањето на базенот “Борис Трајковски“: Неспособни кадри, поставени партиски!