Дино Раѓа: Ако Југославија не се распаднеше ќе беше вечен европски првак!

933

Дино Раѓа, легендарниот хрватски кошаркар, еден од најдобрите на овие простори, поранешен репрезентативец на екс – СФРЈ познат е по тоа што за разлика од некои други, никогаш не ја става политиката на прво место. На трофејниот сплиќанец и поранешен член на Бостон Селтикс, само кошарката му е во преден план.

Па така запрашан што би било кога би било, односно ако екс – СФРЈ не се распаднеше, дали таа земја ќе ја продолжеше низата на титулите европски првак од 1989, 1991…до нејзиното распаѓање…

Доста веќе да говориме за војните, за антиваксерите, за сите глупости. Луѓе, аман веќе. Сите ние како да одбираме на овие простори да живееме како кучиња, а не како обични и нормални луѓе. Што се однесува до кошарката уверен сум дека ако таа Југославија не се распаднеше ќе беше вечен европски првак. Видете, ниту една земја, репрезентација, немаше ниту да го помириса тоа прво место, барем од 1991 до 2025 година кое ќе беше резервирано само за Југославија“ посочи Раѓа.

За тој епски дуел со САД во 1992 година на ОИ во Барселона, кој не се одржа, Раѓа изјави…

Реално ние како Југославија ќе загубевме. Тоа беше тој вистински дрим – тим на САД, но подоцна можевме барем на секој втор меч со Американците да победуваме, ќе одлучуваа нијанси. Но, ете, никогаш тоа нема да го дознаеме“.

ПретходноРогановиќ: Лесно ми е мене со овие играчи…
СледноСлавниот Дејан Рамбо Петковиќ – амбасадор на ФК Работнички и НФТ К-клуб