И дефинитивно натпреварот од втората фаза на ЕП 2022 меѓу Германија и Шпанија ќе се игра. И тоа во предвидениот термин вечерва од 18 часот.
Познато е дека Германците имаат и тоа како проблеми со позитивни на Ковид-19, токму затоа раководството на Ракометната федерација на таа земја испрати официјално барање барем дуелот со Шпанија од групата -2, да се одложи.
Сепак ЕХФ го одби барањето со образложение дека во случај на одложување ќе се поремети целата програма односно распоред на првенството, исто така не би било фер и кон другите репрезентации кои досега имале вакви проблеми.
Па така според ЕХФ, мечот меѓу Германија и Шпанија од главната рунда на ЕУРО 2022 ќе се одигра вечерва од 18 часот, како што и беше планирано.