Иско и Азар за голем пресврт на Реал и пласман во четвртфиналето на Копа дел Реј (ВИДЕО)

182

19-кратниот освојувач на шпанскиот куп, екипата на Реал (М), со многу среќа успеа да се пласира во четвртфиналето на Копа дел Реј. Вечерва на гостувањето кај Елче, само неколку дена по освојувањето на Суперкуп титулата, „кралевите“ во продолженијата беа подобри од Елче со 2:1, иако имаа играч помалку и негатива од 1:0 по првите 13 минути од дополнителните 2х15 минути.

Откако во регуларниот дел мечот заврши без голови, двата тима отидоа во продолженија кои одлично ги започнаа домашните. Во 102. минута Марсело доби директен црвен картон во обид да спречи сигурен гол за домашните, кои само две минути подоцна преку Верду, сепак, поведа со 1:0. Кога се чинеше дека „кралот“ е на колена, најпрво Иско во 108. минута израмни на 1:1, а само 8 минути подоа Еден Азар погоди за целосен пресврт и победа на Реал од 2:1.

Со оваа победа „кралевите“ им се приклучија на Реал Сосиедад, Бетис, Валенсија, Рајо Ваљекано, Кадиз и Мајорка кои веќе се четвртфиналисти.

ПретходноСтруга ТЛ ги престави Омар Џобе и Радиќ
СледноОФИЦИЈАЛНО: Котевски е нов тренер на Металург