Кејн: Ова е меч кој никогаш нема да го заборавам

291

Хери Кејн и неговиот Тотенхем синоќа на фантастичен начин стигнаа до победа од 2:3 на дуелот во Лестер. Губеа до 90. минута со 2:1, за да во судиското продолжение постигнат два гола и дојдат до триумф од 2:3.

„Каков „ролеркоустер“ меч. Мислам дека ја заслуживме оваа победа, затоа што едноставно бевме подобар тим. Беше разочарувачки да се губи со 2:1, но не се откажувавме. Постигнавме два гола во последните моменти, и мислам дека ова е меч кој никогаш нема да го заборавам“ – изјави Кејн. 

REUTERS/Craig Brough via Guliver Image
ПретходноДебитантот доби големо засилување под обрачите
СледноЦрногорка ја елиминира шампионката на УС Опен и испиша историја за својата земја!