Колку се плаќа толку вреди. Тоа е силата на мак – фудбалот на клупско ниво, ако се знае дека во минатата година, значи за таа 2021 година заработката од трансфери изнесува само 1,4 милиони евра.
Според ФИФА, која ги има во својата документација сите светски официјални трансфери, вкупно 80 трансфери кои излегуваат од земјата се направени од нашите клубови. И за тие странсфери клубовите заработиле само 1,4 милиони евра. И оваа сума би била уште помала ако се знае дека само трансферот на Лука Станковски од Работнички во Газијантеп изнесува 650.000 евра или речиси половина од таа сума.
Се разбира дека не можеме да се мериме со останатите земји од Европа, а од Балканот да ги земеме Бугарија (13,8 милиони долари), Грција (60,3), Србија (16,9), Романија (36,8), Хрватска (74,2).