Тоа го има само во Македонија. Шокантна беше веста дека базенот во Карпош, кој е во склоп на спортскиот центар “Борис Трајковски“ е затворен поради енергетските проблеми кои ги има нашата држава, или пак по ново дека е затворен поради дефект.
Се разбира дека оваа вест најмногу ќе ги погоди тие што користат, пливачите од клубовите, како и самите граѓани.
По ова свој став на ФБ изнесе и Наташа Мешковска, некогашната наша истакната пливачка, една од најдобрите во историјата, која сега работи како тренер по пливање, директно ја повика Владата на Р. Македонија под итно да најде начин повторно да се стави во употреба базенот во Карпош.
Обраќањето на Мешковска ви го пренсуваме во целост…
“„Денес се затвори под клуч и единствениот пливачки објект кој функционираше за клубовите и граѓаните, базенот Карпош. Со тоа и официјално се уништи најздравиот спорт за секое дете, за секој човек, пливањето. Спорт во кој имаше врвни резултати и нацијата беше горда на тоа. Образложението е дека има дефект, но никој не верува во тоа. Трошок им е. Затоа нема да работи. Бидејќи спортскиот центар БТ е под капа на Владата, ја повикувам новата влада и новиот премиер да се заложат и да најдат начин базенот повторно да се стави во функција. Ова е срамно и крајно неодговорно од страна на раководството и сите надлежни кои раководат со центарот. Неспособни кадри, поставени партиски, кои воопшто не ги интересира ни спорт, ни рекреација, само личен интерес. Уништивте и тоа малку што беше оставено во наследство од нашите родители и предци. Базените се градени од самопридонес на граѓаните на оваа земја. Платени сте да работите, а не да затварате“ напиша Мешковска.