Небојша Симиќ: Бев во шок, морав да ги прашам играчите дали е вистина!

1661

Голманот на Црна Гора е во центарот на вниманието и во главната рунда на Европското првенство. Небојша Симиќ беше лидер во редовите на својата репрезентација против Хрватска и триумфот од 32-26.

Ова беше прва победа на Црна Гора во пресметките со Хрватска на Европските првенства и прва во една главна фаза на континенталните натпреварувања.

Симиќ по овој дуел имаше интересна изјава и самиот не верувал дека успеале да дојдат до нова победа.

„Знам дека сме способни за вакви игри, но навистина е неверојатно да ги доживееш. Не можам да верувам дека игравме со толкава самодоверба. Игравме и некои акции и постигнавме голови кои не ги вежбавме на ниту еден тренинг. Бев во шок, толку многу што морав да ги прашам соиграчите по натпреварот дали е вистина, дали добро видов“, изјави Симиќ. 

ПретходноГравина: Време е да воведеме плеј-оф во Серија А
СледноШампионот ја потврди најавата на СПОРТМЕДИА: Дастин Вер го напушти МЗТ Скопје