Усман Дембеле, еден од најплатените играчи во тимот на Барселона во последните години веднаш треба да го напушти клубот од Ноу Камп. Ова го објави главниот оперативец на клубот, Матеу Алемани во официјална изјава.
„Станува јасно дека Дембеле повеќе не сака да игра за Барселона и да биде дел од нашиот проект. Затоа ќе биде експресно продаден до 31. јануари“ – изјави Алемани.
Со ова клубот потврдува дека неколкумесечните преговори кои се водеа на тема нов договор за Дембеле, се дефинитивно неуспешни и тој ќе мора веднаш да си замине од клубот. Секако главна пречка беа финансиите односно змалената плата која му се нудеше на напаѓачот.
Актуелниот договор на Дембеле завршува на лето, а тогаш тој би заминал бесплатно. Вака, Барселона ќе добие каква таква оштета за играчот кој го доведе во 2017 година и за кого плати неверојатни 140 милиони евра.