Ракометниот клуб Металург вечерва и официјално потврди дека Игор Котевски е нов тренер на клубот.
Информацијата беше актуелна во последните неколку дена, само се очекуваше нејзина потврда. За Котевски ова значи негово враќање во Автокоманда, откако претходно го водеше и Металург 2.
Металург пред извесно време остана без Иван Марковски, кој го напушти кормилото на тимот.