ПРВИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВО 2022 ГО ИЗРАДУВА Е.Ј. ОД ШТИП СО 10,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

226

Не чекавме долго за првиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во 2022 година. Најпосакуваната добива во земјава е освоена на десеттиот ден годинава. Фантастични 10.757.153, 00 денари му донесе СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Е.Ј. од Штип. Неговата среќна приказна е доказ дека, ако судбината планира да ве израдува – ќе го направи тоа без разлика на сѐ. 

Среќниот час за првиот СУПЕР МИЛИОНЕР во 2022 година, чукна во 20:46, на 10 јануари.  На видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, во еден од објектите на Моцарт во Штип, освоен е СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во износ од 10.757.153 денари.

 

Добитникот Е. Ј. вели дека сѐ се случило спонтано и без планови и очекувања. Посакал да поигра на видеолотариските терминали, но немал пари во моментот, па побарал од колегата за неколку играња. Минути подоцна, тој станал сопственик на најпопуларната добивка во Македонија тешка осум цифри. Вели дека парите ќе му бидат добредојдени и ќе ги потроши за реновирање на куќата во којашто живее.

Ова е само почеток на ново поглавје во кое ќе има многу среќни приказни со добивките на Видеолотарија Касинос Австрија. И во 2022 играчите ќе се забавуваат и ќе добиваат МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во вредност од 1.200.000-1.800.000 и СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ до максимални 12.000.000 денари.

Само за потсетување во 2021,  17 играчи на видеолотариски игри во 2021 се радуваа на сензационалната добивка СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Тие заедно освоија 176.278.757,00 денари. Највисоката вредност на добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во 2021 изнесуваше  11.708.346,00.

 

 

 

 

ПретходноЦрногорка ја елиминира шампионката на УС Опен и испиша историја за својата земја!
СледноНови правила за играчите на позајмица – клубовите не смеат да го прават ова…