Рома е последниот патник во четвртфиналето на италијанскиот куп (ВИДЕО)

94

Рома на Жозе Мурињо е последниот патник во четвртфиналето на Купот на Италија. „Волчицата“ вечерва на домашен терен со 3:1 го совлада второлигашот Лече и им се придружи на Интер, Сасуоло, Јувентус, Лацио, Милан, Фиорентина и Аталанта во една од завршните рунди до големото финале.

На изненадување на домашните, Лече уште во 15. минута победе со голот на Калабрези. Рома се обиде да ја стабилизира играта и во 40. минута Кумбула успеа да го врати мечот во егал (1:1).

Само 9 минути во вториот дел беа потребни за целосен пресврт. Тами Абрахам погоди за 2:1, а потоа Лече остана и со играч помалку по исклучувањето на Гаргиљо. Со голот на Шомуродов во 81. минута Рома го потврди своето место во следната рунда.

ПретходноЖота го однесе Ливерпул во финалето на Лига Купот (ВИДЕО)
СледноСтразбур „меле“ како во старите добри времиња