Славниот Дејан Рамбо Петковиќ – амбасадор на ФК Работнички и НФТ К-клуб

546

ФК Работнички ќе биде првиот професионален фудбалски клуб во светот кој ќе чекори и во светот на НФТ. Со ова клубот ја отвори ширум портата кон дигиталната сфера. Светски познато име е амбасадор и поддржувач на овој проект.

Голема чест за ФК Работнички е дека амбасадор на клубот, како и на НФТ К-клуб, ќе биде Дејан Петковиќ Рамбо, прославениот српски фудбалер кој буквално е славен како фудбалско божество во Бразил.

Работнички, како што велат од клубот, е предводник на револуционерните промени во фудбалскиот свет, како и во НФТ просторот! Со помош на ФК Работнички, а овозможено со НФТ технологијата, реалните фудбалски операции ќе бидат достапни за привилeгираните членови на дигиталната заедница.

ПретходноДино Раѓа: Ако Југославија не се распаднеше ќе беше вечен европски првак!
СледноСупер – дербито во ЛШ меѓу ПСЖ и Реал нема да се игра во Франција!?