Стартува главната рунда на ЕУРО: Црна Гора против Хрватска за нов историски подвиг

277

По ден пауза, денеска во Будимпешта и Братислава продолжуваат натпреварите на Европското првенство. Се игра првото коло од главната рунда, а во центарот на вниманието се две репрезентации кои направија приредија вистинско изненадување во групната фаза.

Црна Гора е најпријатното изненадување. Оваа селекција за првпат во својата историја ќе игра во главната рунда, а за противник на стартот го има тимот на Хрватска, овој меч е закажан со почеток во 15:30 часот.

Втората селекција која сензационално завери билет за овој дел од ЕУРО е Холандија. За првпат на ова натпреварување успеа да избори место во 2020 година, две години подоцна се најде во главната рунда.

Франција ќе биде новиот предизвик за холандските ракометари, селекција која нема пораз и како првопласирана обезбеди место во својата група.

Бранителот на титулата пак Шпанија игра против Германија, селекција која се соочува со Ковид-проблеми и остана само со 13 играчи, но најавени се тројца нови имиња, па најверојатно ќе може да излезе на терен и да пружи достоен отпор. Германците имаа состанок, одлучија да не се откажат од својот настап и покрај тоа што имаа ковид-проблеми.

Во продолжение погледнете го комплетниот распоред за денеска.

ПретходноТенисерот кој „250 пати“ го победи Ковид-19 доминира на Австралија Опен
СледноФилип Глигоров нов играч на Кукс