Екипата на Стразбур синоќа ја совлада екипата на Клермон во гости со 2:0 и со тоа ја запиша 10-тата победа сезонава. По 21 одиграно коло „сино-белите“ во Лига 1 имаат 35 бодови. Моментално ја држат четвртата позиција на табелата со што конкурираат за излез во европските купови.
Интересно, овој ефект на Стразбур е најдобар во последните 43 години. Всушност 35 бода од 21 коло е нивен најдобар ефект откако се доделуваат по три поени за победа во Лига 1 после неверојатниот поход во 1978/79 кога имаа 41 поен по 21 коло и на крајот ја освоија единствената титула во Франција.
Интересно е што Стразбур оваа сезона е втора најефикасна екипа во најсилната француска лига. Има 41 гол, еден помалку од лидерот Пари Сен Жермен.
Најефикасен играч е Лудовик Ажорке кој постигна 10 голови притоа има и шест асистенции.