Струга ТЛ ги престави Омар Џобе и Радиќ

345

И екипата на Струга ТЛ денеска престави две нови засилувања за вториот дел од сезоната. Како што најави СПОРТМЕДИА, Па Омар Џобе и Сава Радиќ се нови имиња во струшкиот тим.

Станува збор за напаѓач и дефанзивец, позиции кои очигледно беа дефицитарни во есенскиот ростер на стружани. Па Омар Џобе доаѓа на позајмица од редовите на Шкендија на 6 месеци, додека со Сава Радиќ, Струга ТЛ потпиша двегодишен договор. Дефанзивецот дојде во Струга ТЛ од редовите на Академија Пандев, каде беше еден од најстандардните играчи.

ПретходноШампионот ја потврди најавата на СПОРТМЕДИА: Дастин Вер го напушти МЗТ Скопје
СледноИско и Азар за голем пресврт на Реал и пласман во четвртфиналето на Копа дел Реј (ВИДЕО)