Шампионот ја потврди најавата на СПОРТМЕДИА: Дастин Вер го напушти МЗТ Скопје

226

СПОРТМЕДИА во текот на вчерашниот ден го најави заминувањето на Дастин Вер, еден од најдобрите кошаркари на МЗТ Скопје во првиот дел од сезоната. Американецот од Аеродром си заминa поради неисплатени долгови од страна на старото раководство на актуелниот македонски првак.

Дека во преостанатиот дел од сезоната нема да го гледаме во „сино-белиот“ дрес, стигна потврда од МЗТ Скопје. Во известувањето се наведени други причини, како на пример неговата незаинтересираност да игра за скопскиот клуб со што е изместена вистината.


Од клубот најавија дека веднаш ќе бараат замена за Вер.

ПретходноНебојша Симиќ: Бев во шок, морав да ги прашам играчите дали е вистина!
СледноСтруга ТЛ ги престави Омар Џобе и Радиќ