Бојан Спасовски останува верен на Бутел Скопје

115
Тимот на Бутел Скопје, почна со градењето на ростерот за наредната сезона. Прв што го продолжи договорот со клубот е десното крило Бојан Спасовски, кој покажува одлични изданија оваа сезона.
„Задоволен сум што го продолжив договорот со Бутел Скопје и што понатаму ќе го носам дресот на овој клуб. За мене како млад играч од особено значење е можноста што ја добивам во Бутел Скопје да напредувам како ракометар. Тука ги имам сите услови за тоа и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на тренерот и управата“ – , изјави Спасовски
Новиот договор е на две сезони, а Спасовски на десната крилна позиција ја дели минутажата со искусниот Златко Мојсоски.
May be an image of 1 person, sitting and indoor
ПретходноОмар Имери до лето во Шкупи
СледноЕХФ го одби барањето на Германија за одложување на мечот со Шпанија!