Црна Гора продолжува со сензационалните партии на ова ЕУРО. Откако во групната фаза ја елиминираше Словенија, на ред дојде Хрватска. На првиот меч во главната рунда ја совлада Хрватска со 32-26 (15-9). Ова беше меч во кој Црногорците доминираа, не му дозволија противникот во ниту еден момент да се понадева на победа.
Оваа селекција не само што испиша нова историја, туку за првпат на континенталните натпреварувања успеа да запише победа на сметка на „коцкестите“.
Одлична игра на избраниците на Зоран Рогановиќ во првото полувреме, најдобро во досегашниот дел од Европското првенство. Одбраната беше на ниво на задачата, Небојша Симиќ запиша седум интервенции во првите 30. минути.
Дуелот почна изедначено, по 3-3 во деветата минута, Црна Гора ги казни грешките на противникот за 6-3, секако со помош на Симиќ. Хрватите имаа шанса да дојдат на минус еден, но не ја искористија. На другата страна дисциплината им донесе расплет на кој најмалку се надеваа. За неполни четири минути, Црногорците направија серија од 4-0 за 15-9 на одморот.
Here’s Nebojsa Simic, up to his usual tricks, as the main round begins@rukometnisavez 🇲🇪 #ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/UizBLjxVy0
— EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2022
Хорват направи промена на голот застана Алиловиќ и запиша одма две интервенции. Хрватска со два гола во низа намалија на 15-11 благодарение на Нациновиќ. Грбовиќ го постигна првиот погодок за Црна Гора во овој дел за 16-11.
Црна Гора фати залет, во 38. минута со погодокот на Шеваљевиќ поведе со 18-12. На средината на вториот дел, ракометарите на Црна Гора остнаа со двајца ракометари помалку, па Хрватите намалија на 22-18.
Ова не беше и некоја опасност, Симиќ го подигна својот тим, па следеше одговор од два гола за нови плус шест 24-18. Не помогна тајм-аутот на Хорват, Симиќ продолжи да царува на голот, а неговата репрезентација во 51. минута беше 28-20.
При оваа негатива јасно беше дека ова ќе биде победа на Црна Гора. Симиќ имаше 14 одбрани. Бранко и Милош Вујовиќ со по седум гола беа први стрелеци, Чупиќ имаше седум, Циндриќ запиша пет гола.
Во групата 1, Шведска ја совлада Русија со 23-29. До триумфот дојде без проблем во првото полувреме имаше предност од 13-16.